Top Sport

Премиерлигата без навивачи и наредната сезона

Натпреварите во Премиерлигата на Англија до крајот на годината ќе се играат пред празни трибини.

Клубовите им се враќаат на тренинзите, сезоната наскоро би можела да продолжи. Сите натпревари ќе се играат без публика.

Меѓутоа, без публика ќе се игра и наредната сезона, односно најмалку шест месеци од наредното првенство.

Медицинскиот советник на Премиерлигата Марк Жиле рекол дека навивачите не а да се вратат на трибините најмалку шест месеци, а тој не ја исклучува можноста без публика да се игра и цела година.

Според последните информации фудбалот во Англија би можел да се врати на 12 јуни.

Scroll to Top