Top Sport

Премиерлигата ќе ги анализира контроверзните ВАР-одлуки против Њукасл и Вест хем

Премиерлигата потврди дека заедно со Асоцијацијата на професионални судии (ПГМОЛ) ќе ги разгледува двете контроверзни ВАР-одлуки по кои на Њукасл и на Вест хем им беа поништени голови во саботата.

Њукасл постигнаа гол во 51. минута против Кристал палас кога дефанзивецот Тајрик Мичел си постигна автогол, но Ли Мејсон, еден од двајцата ВАР-судии во Премиерлигата му советуваше на судијата Мајкл Салисбјури да го поништо голот поради фаул на Џо Вилок над голманот Висене Гаита. Меѓутоа, на снимките се гледа како Вилок е поттурнат во судијата токму од Мичел.

Вест хем, пак, имаа поништен гол при 2:1 поразот од Челси, кога Максвел Корне постигна гол, но Џерод Боуен беше казнет поради фаул над голманот Едуар Менди. ВАР судијата Џеред Гилет му советуваше на судијата Енди Медли да го поништи голот.

Scroll to Top