Top Sport

Германија по две продолженија ја остави Литванија без победа на Евробаскетот

Германија со 109:107 ја совлада Литванија по две продолженија во Келн, оставајќи ги Литванците без победа по три кола на Евробаскетот во трилер-натпревар.

Предводени од Франц Вагнер, Германците постојано имаа предност во текот на целиот меч, пред Литванците да се вратат во игра на почетокот на последната четвртина за да дојдат во водство. Германците се вратија на пет поени разлика на 60 секунди пред крајот, пред Валанчунас да постигне тројка, а по промашувањето на Тиман и Шрудер, Браздеикис обезбеди продолжувања. Првото продолжение заврши 96:96, пред во второто, Маодо Ло да го реши мечот со две тројки.

Ѕвездата на Орландо меџик, Вагнер го заврши мечот со 32 поени, 8 скока и 2 систенции, Шрудер додаде 25, додека за Литванија, Валанчунас имаше 34 поени, Григонис 17, а Сабонис 13 поени.

Во групата А, пак, Црна Гора ја забележа втората победа на шампионатот, победувајќи ја Бугарија со 91:81. По одличниот старт предводен од Радовиќ и Дубљевиќ, Црногорците на одмор замина со негатива, по фантастичниот камбек на бугарската репрезентација.

Второто полувреме повторно започна одлично за Црна Гора, која направи предност од 11 поени, пред Павлин Иванов да ги врати бугарите во игра и повторно да донесе водство. На крајот, во последната четвртина, Црногорците имаа повеќе нерви и стигнаа до важна победа. Владимир Михаиловиќ со 23 и Дубљевиќ и Дробњак со 17 поени беа најефикасни за Црногорците, додека Александар Везенков со 26 и Андреј Иванов со 17 беа најдобри во тимот на Росен Цветков.

ЕВРОБАСКЕТ, 3.КОЛО
ГРУПА А
Бугарија – Црна Гора 81:91
Шпанија – Белгија 16.15 ч.
Турција – Грузија 19.00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Б
Литванија – Германија 107:109
Словенија – Босна и Херцеговина 17.45 ч.
Франција – Унгарија 20.30 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top