Top Sport

Премиерлигата ќе ги крати натпреварите?

Доколку продолжи сезоната во Англија, Премиерлигата ја разгледува опцијата да ги скрати натпреварите, потврдил претседателот на Асоцијацијата на професионалните фудбалери Гордон Тејлор.

Тој информирал дека се разгледувала опцијата едно полувреме да трае помалку од 45 минути бидејќи фудбалерите биле „загрижени за својата безбедност“.

„Тие не се глупави. На прво место ќе ја стават безбедноста“, изјавил Тејлор за радиото „Би-би-си 4“ изразувајќи надеж дека сезоната би можела да продолжи на 8 јуни.

„Не знаеме што ни носи иднината, но знаеме што е предложено и какви опции се разгледуваат. Се разговараше за воведување на повеќе измени, се разговараше полувремињата да траат помалку од 45 минути, се разговараше да се игра на неутрални стадиони…“, рекол Тејлор и го претставил идеалното сценарио.

„Сакате да го задржите интегритетот на натпреварувањето, тогаш треба да се играат натпревари дома или во гости, а екипите да бидат во исти состави во какви што беа и пред да биде прекината сезоната. Има многу работи за кои се разговара и размислува, но најпрвин треба да размислуваме дали сезоната може да заврши и да заврши безбедно“.

Scroll to Top