Top Sport

Премиерлигата нема да може да се гледа во Русија

Премиерлигата и Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) ги суспендираа сите ТВ-договори со Русија за пренос на натпреварите, а се очекува сличен потег да направи и Фудбалската асоцијација (ФА) околу ФА купот, со што руските гледачи нема да можат да следат англиски фудбал.

На состанокот на акционерите на Премиерлигата беше одлучено да се раскине договорот со ‘Око спорт’, вреден околу 3 милиони фунти и да се донираат 1 милион фунти на Украина.

„Лигата ја осудува руската инвазија на Украина, бараме мир и нашите мисли се сите кои се погодени. Донацијата ќе биде направена за да се достави помош на сите кои имаат потреби“, се вели во објавата на Премиерлигата.

Scroll to Top