Top Sport

Премиерлигата преговара со „Нетфликс“ за серија документарци

„Нетфликс“ се во преговори со англиската Премиерлига за нова документарна серија во стилот на „Драјв 2 сурвајв“ во Формула 1, фокусирана на англиската елита. Премиерлигата веќе имала прелиминарни преговори со британската компанија „Бокс 2 бокс филмс“, која ја водат продуцентите Џејмс Геј-Рис и Пол Мартин.

Документарните филмови со фудбалска тематика станаа популарни во последните неколку години, откако „Амазон“ ја имаше серијата „Се или ништо“ за Арсенал, Манчестер сити и Тотенхем, додека документарниот филм „Случајот Фиго“ за трансферот на Луиш Фиго од Барселона во Реал Мадрид имаше рекордна гледаност.

Scroll to Top