Top Sport

Робертсон сонува да игра за Селтик, но сака да ја заврши кариерата на „Енфилд“

Шкотскиот капитен и дефанзивец на Ливерпул, Енди Робертсон признава дека „секогаш сонувал“ да игра во тимот на Селтик, но дека реалната амбиција е да се пензионира на „Енфилд“.

28-годишниот Робертсон од своето детство е навивач на Селтик и помина време во нивната младинска школа, но како професионалец дебитираше за Квинс Парк, по што играше и за Данди јунајтед и Хал сити, пред да се пресели во Ливерпул во 2017, со кои освои титула од Лигата на шампионите и од Премиерлигата.

„Секојпат кога го гледам Селтик, размислувам за тоа. Кога ќе го видите наполнетиот ‘Селтик парк’, како навивач секогаш го имате тој сон. Идеално, би сакал кариерата да ја завршам во Ливерпул, ако можам да останам на врвот на мојата игра, тоа е патот кој сакам да го изодам“, вели Робертсон кој има договор со Ливерпул до 2026 година.

Scroll to Top