Top Sport

Премиерлигата се смилува: нема мечеви на Бадник

Англиската Премиерлига заедно со британските ТВ-мрежи се договори, сепак, да нема фудбалски преноси на Бадник според грегоријанскиот календар.

Најавата беше дека мечот Арсенал-Ливерпул ќе биде преместен од 23 декември на 24 декември, на што луто реагираше тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, но и неколку навивачки групи.

Наместо тоа, дуелот сега ќе се одигра на 22 декември, додека другите девет меча ќе се играат на 23 декември, почнувајќи од Евертон-Челси во 13.30 часот и завршувајќи со Лестер-Манчестер јунајтед во 20.45 часот. Претседателот на Премиерлигата, Ричард Скадамор вели дека календарот не помогнал оваа година.

„Со мечеви на викендот со Божиќ првпат во 11 години, беше тешко да се изберат натпреварите“, признава Скадамор.

Премиерлигата е единствената од елитните европски лиги во кои има натпревари околу Божиќ, нешто што е вклопено во историјата на англискиот фудбал. До 1958 година сите натпревари се играа точно на Божиќ.

Scroll to Top