Top Sport

Премиерно мундијалско појавување на Полска, Колумбија, Сенегал, Јапонија

Денес на 21.Светско првенство во фудбал ќе заврши првото и ќе започне второто коло. На програмата се две средби од Х-групата и една во А-групата.

Мундијалската програма ќе започне во 14 часот во Саранск на Мордовиа арена. Четврт-финалистот од минатото светско првенство Колумбија за противник ќе ја има Јапонија. Интересно овие две репрезентации беа во иста група и на СП во 2014 година. Колумбија пред четири години славеше убедливо со 4:1.

Вториот натпревар, со кој ќе заврши првото коло на СП во Русија ќе го одиграат Полска и повратникот на светските првенства Сенегал. Дуелот ќе се одигра на Откритие арена, стадион на Спартак Москва, а започнува во 17 часот.

Од 20 часот, Русија и Египет ќе го отворат второто коло на 21.Светско првенство. Русите уште вечерва можат да обезбедат место во осмина-финалето, секако доколку забележат победа.

Во првото коло Русија убедливо ја победи Саудиска Арабија со 5:0, додека Египет во финишот беше поразен од Уругвај со 0:1.

Првиот натпревар од второто коло се игра во Санкт Петербург на стадионот на Зенит.

Scroll to Top