Top Sport

Кантона со фризура како онаа на Нејмар

Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Ерик Кантона, не ја пропушти можноста да биде еден од оние што се мајтапат со новата фризура на Нејмар.

Контроверзниот Французин, ово јпат, на главата ставил шпагети за и тој да изгледа како најголемата бразилска ѕвезда. Нејмар токму поради фризурата е предмет на шеги од сите страни на светот.

Нејмар, во првото коло, го одигра целиот натпревар за Бразил, но не успеа да придонесе неговиот тим да забележи победа. Бразил на стартот ремизираше со Швајцарија 1:1. Селесао, во втората рунда в петок, ќе игра против Костарика.

Scroll to Top