Top Sport

Преодниот рок во Англија повторно до 1.септември

Клубовите од Премиер лигата изгласа преодниот рок во Англија повторно да трае до последниот ден на август, правило кое важеше до минатото лето. Исто така денес е потврдено дека новата сезона 2020/2021 година во Премиер лигата ќе започне на 9.август.

Минатото лето Премиер лигата го смени правилото, летниот преоден рок да трае до почетокот на новата сезона, а не до крајот на август. Одлуката се покажа како погрешна бидејќи клубовите имаа проблеми доколку не успеале да ги завршат сите планирани трансфери.

Намерата на Премиер лигата беше тренерите да имаат формирани тимови веднаш од првото коло и со надеж дека нивниот пример ќе го следат во Европа. Сепак се случи спротивното. никој друг не ги поддржа.

Скратениот преоден рок во Англија само дополнително ги крена цените на фудбалерите за англиските клубови, кои поради трката со времето плаќаа и повеќе од реалните цени.

Откако најголем дел од клубовите гласаа преодниот рок да се одвива по стариот модел, Премиер лигата објави дека оваа година преодниот рок ќе трае до 1. септември (31.август е празник во Англија) во 17 часот по англиско време.

Scroll to Top