Top Sport

Преодниот рок во Хрватска ќе трае до октомври

Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Хрватска (ХНС) донел неколку значајни одлуки околу продолжување на сезоната. Најважната одлука е поврзана со летниот преоден рок, кој ќе биде поинаков поради пандемијата на коронавирусот.

„Летниот преоден рок во 2020 година ќе трае од 27 јули до 18 октомври. Клубовите кои до почетокот на преодниот рок не го завршиле натпреварите од оваа сезона, преодниот рок ќе им започне ден по завршувањето на тие обврски“, стои во соопштението на ХНС.

Фудбалската сезона во Хрватска ќе продолжи на 30 мај.

Scroll to Top