Top Sport

Препукувања на романскиот и косовскиот премиер за прекинатиот натпревар во Букурешт

Два дена беа потребни, политиката да се вмеша во прекинатиот натпревар меѓу репрезентациите на Романија и Косово, во Ц дивизијата во Лигата на нации.

По изјавата на косовскиот премиер, Албин Курти дека Романците први почнале, неговиот колега од Романија, Марсел Чолаку му порача: „не играј жртва кога самите сте виновни за прекинатиот натпревар во Лигата на нации“.

Да потсетиме, репрезентативците на Косово го напуштија теренот во Букурешт на три минути до крајот на натпреварот, бидејќи навивачите од трибините извикуваа: Србија, Србија“. Откако замина во соблекувалната, репрезентативците на Косово одбија да се вратата на теренот кога од нив тоа го побара главниот судија Мартен Крог.

Амир Рахмани, капетанот на Косово подоцна на на новинарите им рече дека: „Косово не е Србија, туку Косово е Косово или Косово е Албанија“.

Овое зборови подоцна ги употреби и премиерот на Косово, Албин Курти, на што одговори неговиот романски колега Чолаку.

„Целосно е неприфатливо тоа што го прави премиерот на Косово кога ги меша политиката и спортот, а сето тоа откако играчите на неговата селекција го напуштија теренот на натпреварот против Романија. Сега се обидува да изврши политичко-дипломатски притисок за да бидеме казнети“, рече Чолаку, додавајќи дека се знае кој е одоговорен и дека единствено логично решение е УЕФА да го регистрира натпреварот со официјален резултат 3:0 за Романија.

„Залудно се обидува да го претвори виновникот во жртва и што е уште посериозно да изврши политички притисок врз УЕФА, надевајќи се на илузорна одлука. Директно му кажувам дека што и да се обидува да направи, не можеда ја искривува реалноста. Се оди во погрешна насока, затоа што на политиката не и местот во спортот. Што се однесува до се она што се случи во петокот, бидејќи овде виновниците за инцидентот се очигледни, а тоа секако не се романските фудбалери и публиката на стадионот… Можам да признаам дека фудбалерите од Косово одиграа подобро, но тоа не ги амнестира од вината за она што го наравија во финишот на натпреварот, тие мора да ги сносат последиците за тоа. Сигурен сум дека тоа ќе се случи“.

Scroll to Top