Top Sport

Престијани пред УЕФА: Го нарекол Винисисус пед.р, а не мајмун

За неколку дена инцидентот што се случи на натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид, во Лигата на шампионите ќе добие епилог. УЕФА ги анализираше доказите, ги доби изјавите од инволвираните во инцидентот и се очекува да ги соопшти казните.

Во центарот на вниманието е играчот на Бенфика, Џанлука Престијани. Тој беше обвинет од страна на Винисиус Жуниор и Килијан Мпбапе за расизам.

Ѕвездите на Реал тврдат дека Престијани го нарекол Винисисус „мајмун“, додека Агрнтинецот изјави дека му рекол на Бразиелцот дека е „пед.р“.

Според „ESPN“, Престијани во своето обраќање до УЕФА изјавил дека не употребил расистичка навреда, туку хомофобна, тврдејќи дека употребил навредлив термин за сексуална ориентација, а не расистичка навреда.

Сепак, без оглед на формулацијата, дисциплинската рамка е јасна. Член 14 од Дисциплинските прописи на УЕФА предвидува идентичен опсег на казни за навреди врз основа на раса, боја на кожа, етничко потекло, религија, пол или сексуална ориентација.

„Секое лице или субјект кој го навредува човечкото достоинство на поединец или група по која било основа, вклучувајќи боја на кожа, раса, религија, етничко потекло, пол или сексуална ориентација, ќе биде суспендиран најмалку десет натпревари или одреден временски период, или ќе му биде изречена друга соодветна санкција“, се наведува во правилникот.

Во пракса, ова значи дека секоја разлика во видот на прекршокот не ја менува сериозноста на дисциплинската постапка – и расистичките и хомофобичните испади подлежат на иста минимална казна.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');