Top Sport

Пресврт, Кутињо ќе остане во Барселона

Фелипе Кутињо сезонава игра како позајмен фудбалер во Баерн Минхен. Баварците нема да го откупат неговиот договор, тој мора да се врати во Барселона. Што ќе биде со него потоа никој со сигурност не може да потврди.

Има разни шпекулации околу иднината на Кутињо. Најчесто го поврзуваат со враќање во Премиерлигата. Најновите шпекулации говорат дека тренерот на Барселона Кике Сетиен се противел на одлуката Бразилецот да биде продаден.

Сетиен наводно успеал да ги убеди клупските челници да му дадат уште една шанса на бразилскиот репрезентативец.

На Сетиен му е јасно дека доколку Кутињо успее да се вклопи во неговата филозофија и доколку ја врати формата од Ливерпул дека тогаш би бил големо засилување.

Фелипе Кутињо за сума од 160 милиони евра во јануари 2018 година од Ливерпул се пресели во Барселона.

Scroll to Top