Top Sport

Пресврт на Атлетико против Еспањол, Мората повторно стрелец (Видео)

Атлетико Мадрид со пресврт успеаја да забележат победа над Еспањол во 13 коло, во Ла Лига. „Јорганџиите“ се искачија на третото место на табелата, по овој триумф имаат 24 бода, додека Еспањол остнаа во опасната зона со само осум бода.

Атлетико мораа да се помачат за да ги запишат планираните три бода. Иако ја контролираа играта во првото полувреме, противникот прв постигна гол. Сеџи Дардер со прецизен удар од 20 метри го совлада Јан Облак вво 39 минута.

До крајот на полувремето „јорганџиите“ стигнаа до израмнување. Мората испрати центаршут во втората минута од судиското надополнување на времето, а Кореа против двајца играчи на Еспањол успеа со глава да ја спроведе топката во голот.

Во раната фаза од второто полувреме, Алваро Мората го постигна вториот гол за Атлетико. Сметајќи ги двата натпревари со Баер Леверкузен во Лигата на шампионите Мората на последните шест меча има постигнато шест гола.

Атлетико и по вториот гол продолжија со нападите, а точка на мечот стави капитенот Коке по додавањето од Диего Коста.

Scroll to Top