Top Sport

Играчите барале Ковач да биде сменет

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес за телевизијата „ЗДФ“ потврдил дека играчите биле тие кои барале Нико Ковач да биде сменет од функцијата.

Нико Ковач минатата недела, по поразот од Ајнтрахт (5:1), договори спогодбен раскин на договорот. Баерн се разделија со тренерот на кого ќе му исплатат девет милиони евра.

Од самиот почеток Ковач немаше добра соработка со некои фудбалери, особено со оние кои долго време се во клубот.

„Сигурно постоеја струи во тимот кои сакаа тој да добие отказ. Поради тоа моравме да реагираме. Најголем притисок правеа играчите. Секогаш сум за комуникација и дискусија, играчите можат да кажат што мислат, а на крајот челниците се тие кои решаваат“, рекол Хенес.

Scroll to Top