Top Sport

Пресврт на Бразил во Каракас, бод за Аргентина во Парагвај

Изминатата ноќ продолжија јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во Катар. Лидерот Бразил, со пресврт, победи во Венецуела, Аргентина и Парагвај одиграа без голови, а со ист резултат заврши и дербито Уругвај-Колумбија.

Бразил, отпорот на Венецуела во Каракас, го скрши во последните 20 минути од натпреварот. Венецуела имаше предност од 11.минута со голот на напаѓачот на Динамо Киев, Ерик Рамиерез.

Маркињос израмни во 71.минута, Габриел Барбоса погоди од пенал за 1:3 во 85, а десет минути подоцна Ентони ги постави конечните 1:3.

Аргентина, во Парагвај, не успеа да победи. На крајот двете репрезентации се задоволни од ремито без голови. Најдобрите шанси за Аргентина ги имаше Хоакин Кореа во 12. и 60.минута.

Голови немаше и во Монтевидео на натпреварот Уругвај-Колумбија.

Еквадор за 5.минути ја победи Боливија. Првиот гол го постигна Естрада во 14.минута, а потоа во 17. и 19.минута два гола постигна Евер Валенисија.

Перу со головите на Куева и Пења го победи Чиле. Чилеанците речиси останаа без шанси за пласман на СП.

Бразил води на табелата со 27 бодови, следуваат Аргентина 19, Еквадор 16, Уругвај 16, Колумбија 14, Парагвај 12, Перу 11, Чиле 7, Венецуала 6, Боливија 4.

Scroll to Top