Кристијано Роналдо, во вистинско време, започна да ја „фаќа“ формата и му донесе победа на Јувентус во Емполи. Актуелните италијански шампиони, тешко, стигнаа до триумф 2:1 на гостувањето кај аутсајдерот.
Емполи одигра одлично првото полувреме, рамноправно се носеше со фаворизираниот противник, а добрата игра ја круниса со голот на Капут во 28.минута.
Пресвртот на Јувентус го најави Кристијано Роналдо во 53.минута реализираше пенал. Португалецот с својот втор гол во 70.минута го комплетираше пресвртот на „страта дама“. Роналдо постигна брилијантен гол со удар од преку 20 метри.
До крајот на мечот, Јувентус, успеа да ја одбрани предноста, откако Емполи изврши силен притисок кон голот на Шчешни во последните пет минути.
Јувентус по десет кола има 28 бода и ќе остане на челната позиција, Емочи е на 18.место со само шест бода.