Реал Мадрид славеше победа во Севилја 2:1, во претпоследното коло во Примера. Ова беше единствениот меч во Примера кој се одигра вечерва, сите останати натпревари на програмата се во недела од 19 часот.
Севилја не беше наивен противник, а веќе во третата минута домашните успеаја да поведат со 1:0 преку Рафа Мир. На Реал му требааа 20 минути да се снајде на теренот.
Одговорот на Реал дојде во 29.минута кога резултатот го изедначи Родриго. Истиот играч во 69. минута го режираше пресвртот.
Севилја го заврши мечот со десет играчи бидејќи Маркос Акуња беше исклучен во 83. минута како последен одбранбен играч.