На „Каубојс“ стадионот во Арлингтон, во рамките на Интернационалниот куп на шампионите фудбалерите на Рома ја совладаа Барселона со 4:2, иако тимот од Каталонија до 78.минута имаше предност 1:2. За Барселона на овој меч со гол дебитираше несуденото засилување на рома, Бразилецот Малком.
Дуелот во Арлингтон беше прво сочување на двата тима по минато сезонскиот дво-меч во четврт-финалето во Лигата на шампионите кога Рома ја елиминираше Барселона.
Барселона мечот го отвори со голот на Рафиња во шестата минута, а резултатот во 35.минута го израмни Ел Шарави. Асистент за голот беше младиот Џастин Клајверт, кој летово ја засили Рома од Ајакс.
На почетокот на второто полувреме, во 49.минута, несуденото засилување на Рома, Малком ја погоди мрежата на „волчицата“.
Откако тренерите направија голем број на замени, Рома успеа да направи целосен пресврт во последните 12 минути..
Најпрвин во 78.минута на 2:2 израмни Алесандро Флоренци, пет минути подоцна меѓу стрелците се запиша уште еден нов игра во редовите на Рома, Брајан Кристанте, а конечните 4:2 ги постави Диего Пероти во 87.минута.