Првиот неделен меч од Премиер лигата можеби не ни донесе најубав фудбал, но затоа видовме пет гола и фантастичен пресврт на Саутемптон, кои дома губеа со 0:2 од Барнли по 28 минути, за на крајот да слават со 3:2.
Крис Вуд во 12. минута ги донесе Барнли во водство од пенал, пред во 28. минута, Матеј Видра да ги шокира домаќините за 0:2. Меѓутоа, до крајот на полувремето, Саутемптон успеа да израмни – Стјуарт Армстронг во 31. минута намали на 1:2, за Дени Ингс да ја продолжи одличната сезона со гол во 43. минута.
Саутемптон беа подобриот тим во второто полувреме и притисокот се исплатеше во 66. минута, кога по одбранетиот обид на Ингс, Нејтан Редмонд го постигна победничкиот гол. Саутемптон се на 13. место со 36 поени, додека Барнли се 15. со 33 поени, седум над зоната за испаѓање.