Top Sport

Пресврт на Србија во судиското надополнување

Србија и Камерун го отворија деветтиот натпеварувачки ден на СП во Катар. По првиот дел Србија има водство 2:1.

Динамични 45 и нешто повеќе минути одиграа репрезентациите на кои победата во оваа пресметка им е императив.

Србите тргнаа жестокот, Митровиќ во 11.минута ја погоди стативата, а неколку минути подоцна, најдобриот стрелец на Србија од девет метри го промаши целиот гол.

Во екот на нападите, српските фудбалери доживеаја целосен шок. Лошо се бранеа Србите по првиот корнер на Камерун, Кастелето во 28.минута остана сам на втората статива и само ја спроведе топката во празната мрежа.

Србија бргу се врати по примениот гол, со брлиц криг во судиското надополнување на времето.

Павловиќ во првата минута беше највисок по третиот корнер на Србија, а две минути подоцна Сергеј Милинковиќ-Савиќ од 16 метри упати прецизен удар кој заврши во голот.

Scroll to Top