Top Sport

Пресврт – по проблемите со короната, Џошуа Кимих реши да се вакцинира

Еден од малубројните фудбалери во Германија кој се уште не е вакциниран – играчот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих има големи проблеми со Ковид 19.

Тој се зарази минатиот месец, а иако доби негативен тест, тој ќе остане во изолација поради сериозните проблеми со белите дробови.

Во изјава за германски „ЗДФ“ Кимих соопшти дека одлучил да се вакцинира, а како причина за тоа го наверува стравот и загриженоста.

„Ми беше многу тешко да се изборам со стравот и загриженоста околу вакцината, па затоа толку долго бев неодлучен“ вели фудбалерот на Баерн Минхен.

Кимих ќе ги пропушти следните мечеви на Баварците во 2021 година, а се очекува негово враќање на теренот во јануари идната година.

Scroll to Top