Англија ја победи Швајцарија со 2:1, а Република Ирска и Белгија одиграа 2:2, во пријателски натпревари.
Англичаните не блескаа, но сепак со пресврт забележаа победа над Швајцарија. Швајцарците доминираа во првото полувреме, постигнаа гол во 22.минута преку Емболо и имаа уште три добри шанси за зголемување на предноста.
Откако не ги искористија шансите ги стигна казната преку Лук Шо, кој погоди на истекот на првото полувреме.
Во второто полувреме, Англија одигра нешто подобро, а до победата дојде со голот на Хари Кејн од пенал во 78.минута.
Ирска и Белгија, на „Авива“ стадионот во Даблин одиграа добар меч. Бачуаи и донесе предност на Белгија во 12.минута. Играчот на Бешикташ одлично регираше по додавањето од Ванакен.
Чиедози Огбене израмни во 35.минута.
Ванакен за одличната игра се награди со гол во 58.минута. Предноста на Белгија ја анулираше Алан Браун на пет минути до крајот на натпреварот.