Top Sport

Пресврт победи за Челси и Борнмут, Митровиќ стрелец во поразот кај Тотенхем

Вулверхемптон и Брентфорд победија на домашен терен, Њукасл освои само бод против Кристал Палас, Борнмут и Челси со пресврт славеа против Нотингем Форест односно Вест Хем. .

Во центарот на вниманието беше лондонското дерби, помеѓу Челзи и Вест Хем. Двата тима не започнаа баш најдобро, особено за Чеканите кои постигнаа само два гола.

Бен Чилвел го креираше пресвртот на Челси против Вест Хем. „Чеканите“ водеа со голот на Антонио, Чилвел израмни, а во 89.минута му асистираше на Хаверц. Вест Хем постигнаа гол две минути подоцна, но истиот беше поништен.

Нотингем Форест против Борнмут имаа предност од 2:0 по првиот дел. Во второто полувреме Билинг, Соланке и Ентони ги оладија домашните фанови.

Тотенхем во малоо лондонско дерби го победи Фулам со 2:1. Хојберг во првото и Кејн во второто полувреме ги постигнаа головите за Тотенхем. Стрелец за Фулам беше Митровиќ. Србинот го постигна шестиот гол во сезоната, пред него на листата на стрелците е само Халанд.

Вулверхемптон првиот триумф во сезоната го забележаа против Саутемптон. Вулфс славеа минимално со 1:0, стрелец на голот беше Поденс.

Најубедливиот триумф попладнево го забележа Брентфорд против Лидс. Ајван Тони постигна хет-трик во победата 5:2.

Scroll to Top