По неколку месеци преговори и „лутење“, по сѐ изгледа дека Маруан Фелаини нема да си замине од Манчестер јунајтед ова лето.
Според белгискиот весник „Хет латсте ниувс“, Фелаини ќе објави дека потпишал двегодишен договор за останување на „Олд Трафорд“, иако веќе во март се веруваше дека тој ќе замине, најверојатно во Италија.
Фелаини, кој е во Русија со белгиската репрезентација, најави дека ќе ја објави одлуката за тоа каде ќе ја продолжи кариерата на прес-конференција на 1 јули, кога ќе заврши сегашниот договор со Јунајтед.
Според белгискиот весник има „неверојатен пресврт“ во преговорите со англискиот премиерлигаш и тој ќе остане таму барем до 2020 година.
Фото: ЕПА