Вистинска конфузија настана во репрезентацијата на Тунис по тешкиот пораз од Шведска (5:1) на почетокот од Светското првенство.
Иако имаше информации дека селекторот Сабри Ламуши е отпуштен од функцијата, Фудбалскиот сојуз на Тунис ја повлече одлуката и францускиот стручњак ќе продолжи да ја води репрезентацијата на Светското првенство.
Дополнителна конфузија предизвика и фактот што Сојузот дури и ја објави веста за неговото отпуштање на социјалните мрежи, но објавата набрзо беше избришана од официјалниот профил на Инстаграм.
Во меѓувреме, челниците на тунискиот фудбал најдоа потенцијална замена во ликот на искусниот Ерве Ренар, но барем засега нема да има смена на клупата.
Во меѓувреме, Ламуши нормално го водеше тренингот на репрезентацијата и го подготвува тимот за следните предизвици на Светското првенство.
Во второто коло, Тунис ќе игра против Јапонија, додека во последниот натпревар од групната фаза ќе играат против Холандија.
