Top Sport

Претседателите на Фоџа и Венеција се тепале

Фоџа успеа да се врати од 2:0 негатива против Венеција да извлече драматично реми во Серија Б, пред претседателите на двата клуба да се вклучат во физичка пресметка на трибините.

Венеција, чиј тренер е Пипо Инзаги, беше во одлична позиција на стадионот „Закерија“ во петокот навечер, но Фоџа комплетираше неверојатен кам-бек, по што се случи драма на трибините, со тепачката на претседателот на Фоџа, Франко Санела и тој на Венеција, Џо Такопина.

Од Венеција тврдат дека се случил класичен напад.

„Кога израмни Фоџа, нашиот генерален директор Данте Шилија беше нападнат од луѓе поврзани од клубот Фоџа, по што нашиот претседател Такопина интевенираше во одбрана на директорот. Тоа што се случуваше на стадионот ’Закерија’ е неприфатливо и подготвени сме да одиме на суд“, се вели во соопштението на клубот.

Од Фоџа тврдат дека настаните биле поинакви.

„Премногу радост, но без тепачка. Фоџа ги демантира сите извештаи за тепачка на крајот на натпреварот. Еуфоријата на ’росонерите’ по израмнувањето направи многу конфузија на трибините и предизвика случаен пад, но немаше никаква тепачка“, фелат од Фоџа.

Scroll to Top