Top Sport

Претседателката на Хрватска славеше заедно со фудбалерите

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, по пласманот на својата земја во четврт-финалето на Светското првенство, во соблекувалната им ја честитала победата на фудбалерите.

Хрватска, синоќа во трилер меч и по пенал рулето успеа во Нижни Новгород да ја победи Данска. Претседателката пласманот го прославила со фудбалерите, а откако му честитала на селекторот Златко Далиќ, му честитала посебно на секој играч.

Не и пречело ниту тоа што некои играчи биле само во долна облека.

Scroll to Top