Top Sport

Салах го продолжи договорот со Ливерпул

Најдобриот играч во Премиер лигата, Мохамед Салах, уште пет години ќе остане во Ливерпул. Египќанецот со клубот од „Енфилд“ договорил соработка до 2023 година.

Според новиот договор, Салах, ќе добие и речиси двојно поголема плата, односно годишно ќе заработува 11,5 милиони фунти.

Во новиот договор не постои откупна клаузула. Англичаните тврдат дека тоа значи дека Ливерпул нема намера да го продаде Салах.

Репрезентативецот на Египет, минатата сезона постигна 44 гола за Ливерпул на 52 одиграни натпревари во сите конкуренција. Салах во Премиер лигата постигна 32 гола, а на крајот беше најдобар стрелец и играч во лигата.

Scroll to Top