Аргентина е Аргентинците се луди по фудбалот. Доказ за тоа е и потегот на претседателот на државата Алберт Фернандез.
Поради пандемијата со коронавирусот, Фернандез ги затвори училиштата, ги забрани јавните собири, ги суспендира авионските летови и во исто време испрати порака за тоа колку е важен фудбалот за Аргентина и нејзините жители.
„Доколку фудбалските натпревари се играат зад затворени врати, без публика на стадионите, не гледам причина зошто натпреварувањата во овој спорт да не продолжат. Покрај тоа би и сакал натпреварите да не бидат пренесувани преку кабелските оператори, туку да се пренесуваат на државната телевизија која им е достапна на сите.“
Желбата на претседателот на државата ја исполни Фудбалскиот сојуз на Аргентина. Сите натпреварувања, со исклучок на младинските категории, ќе продолжат.
Досега Аргентина потврди дека 56 лица се позитивни на вирусот.
⚠️ Coronavirus: sin clases hasta abril, pero con fútbol ⚠️
?️ El presidente Alberto Fernández anunció la suspensión de las clases, pero pidió la continuidad del fútbol a puertas cerradas.https://t.co/aj0PnK6nI6
— Diario Olé (@DiarioOle) March 15, 2020