Top Sport

Солскјер: Рашфорд е неизвесен за Евро 2020

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд го очекува подолга пауза од фудбалските терени поради повредата на грбот и ќе биде во трка со времето да игра со Англија на Евро 2020, вели менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Рашфорд се повреди при мечот од третото коло на ФА купот против Вулверхемптон минатиот месец. Евро 2020 се оддржува од 12 јуни до 12 јули, а Англија ги започнува натпреварите против Хрватска на 14 јуни.

„Се надевам дека ќе игра оваа сезона, но ако се случи тоа ќе биде на крајот на сезоната. Се надевам дека ќе продолжиме со настапите во Лига Европа и малку ќе ја продолжиме сезоната. Не сум лекар, но тој дефинитивно ќе мора да апузира неколку месеци. Ако не е подготвен, нема да оди на Европското првенство“, вели Солскјер.

Scroll to Top