Top Sport

Претседателот на Барса го најавил трансферот на Родриго

Барселона до крајот на преодниот рок ќе мора да донесе замена за повредениот Луис Суарез. Шпанските медуми тврдат дека пред трансфер на „Ноу Камп“ е напаѓачот на Валенсија Родриго Морено.

Интересот на клубот за натурализираниот Бразилец го потврдил и првиот човек на клубот Џозеп Мариа Бартомеу.

„Нема да зборуваме за фудбалери од другите кубови, но името на Родриго се наоѓа на спискот кај тренерот“.

Шпанската спортска јавност била силно заинтересирана да види како Родриго ќе се снајде во новата Барса под водство на Кике Сетиен, а она што е интригантно во овој трансфер (доколку се случи) е што напаѓачот е дете на Реал Мадрид.

Доколку Барселона сака да го реализира трансферот на Родриго ќе мора на Валенсија да и плати 60 милиони евра.

Scroll to Top