Top Sport

Претседателот на Барса признава: Мораме да се подготвиме за ера без Лео Меси

Оваа сезона многу критики беа упатени на адреса на Реал Мадрид и нивната вредност без Кристијано Роналдо по неговото заминување во Јувентус, но, истите проблеми (можеби и поголеми) можат да ги имаат и кај ривалите Барселона кога во тимот веќе ќе го нема незаменливиот Лео Меси.

Чави си замина од клубот во 2015 година, Андрес Иниеста на крајот на минатата сезона, и фановите на Блауграна сигурно се прашуваат како ќе изгледа тимот без Лионел Меси, кој во јуни ќе наполни 32 години.

Претседателот на Барса, Жосеп Марија Бартомеу е исто така еден од „загрижените“.

„Знам дека еден ден Лионел ќе рече дека се повлекува од фудбалот. Затоа, мораме да го подготвиме нашиот клуб за иднината. Носиме млади фудбалери во тимот за да се продолжи ерата на успех и тоа е мојата главна одговорност. Мојот мандат завршува за две сезони и морам да го оставам клубот во добра позиција за следниот претседател“, вели Бартомеу.

Scroll to Top