Португалскиот суд му одреди домашен притвор на претседателот на Бенфика, Луис Фелипе Виера, додека не плати кауција од три милиони евра.
Виера и уште тројца мажи беа уапсени, на почетокот на неделата, во акцијата „Црвен картон“, поради корупција, перење пари и даночно затајување.
Адвокатот на Виера, на новинарите им изјавил, дека неговиот клиент ги отфрла обвинувањата.
Најтрофејниот португалски клуб, Бенфика, не е под истрага.
Луис Фелипе Виера (73) од 2003 година се наоѓа на чело на клубот. Неговата функција во моментов ја обавува, прославениот фудбалер Руи Кошта, кој е потпретседател на Бенфика.