Претседателот на НК Звијезда од Биелина, Борис Станишиќ поднесе кривична пријава против фудбалерите на неговиот клуб за местење на мечеви, во уште една научнофантастична фудбалска приказна од Босна и Херцеговина.
Звијезда во моментов е на последното место во босанската Премиер лига со 3 поени од осум натпревари и Станишиќ е сигурен дека некој ги поткупил неговите фудбалери.
„Не ми беше лесно да се решам на овој потег, но поради тие луѓе сме последни. Не е доцна. На тренинзите гледаме едно нешто, на натпреварите сосема друго. Имам снимки од сите натпревари со сите чудни потези. Ги информирав луѓето од федерацијата, но и полицијата. Имам докази“, вели Станишиќ за „Кликс“.