Top Sport

Претседателот на француската лига предупреди: Чудо е што нема мртви на трибините

Винсен Лабрун, претседателот на француската лига (ЛФП) вели дека доколку „криминалците“ не се исфрлат од француските стадиони може да има и жртви на трибините по серијата вознемирувачки инциденти минатата сезона.

Во интервју за „Л’Екип“, Лабрун вели дека е чудо што никој не загинал досега на стадионите, откако лигата беше одбележана со низа инциденти од кои последниот беше влетувањето на навивачите на Сент-Етјен во мај по испаѓањето од Лига 1.

„Не сакам да бидам познат како претседател на лига во која навивачите гинат на трибини. Сезоната беше катастрофална на и надвор од теренот и не смееме да дозволиме да бидеме познати како ‘воена лига’. За да се случи тоа, криминалците мораат да бидат отстранети од трибините и ставени во затвор“, вели Лабрун.

Scroll to Top