Top Sport

Претседателот на Милан ги смирува фановите: Малдини останува

Претседателот на Милан, Паоло Скарони ги смируваше фановите на „росонерите“, кои се загрижени што легендата на клубот Паоло Малдини и неговиот соработник Рики Масара уште не го продолжиле договорот да останат директори во клубот.

Малдини и Масара се сметаат за едни од најзаслужните што успеаја да го „кренат“ Милан од средината на табелата до титулата и европски фудбал за под четири години, но нивните договори завршуваат на крајот на месецот, а продолжувањето се оддолжи о откупувањето на клубот од американската „Редбрд“.

„Промената на сопственоста на клубот во овој клучен момент оддолжи многу работи, но не се грижете за Малдини и Масара, нема сомнеж дека бргу ќе има договор да се продолжи по истиот пат“, вели Скарони.

Малдини се врати во клубот во 2018 година кога американскиот „Елиот менаџмент“ го презеде клубот заедно со уште една легенда на „росонерите“, Звонимир Бобан. Меѓутоа, Хрватот си замина налутен од клубот откако тие преговараа со Ралф Рангник да стане тренер и спортски директор, иако тие преговори завршија неуспешно, и си даде оставка.

Scroll to Top