Top Sport

Претседателот на Милан признава: Не е убаво за Серија А кога ѕвездите си одат

Претседателот на Милан, Паоло Скарони инсистира дека активностите на клубот на преодниот рок се направени со „план за оддржливост на долги патеки“, и верува дека тоа е вистинскиот пат за обнова на клубот.

И покрај тоа што во минатите сезони нивните италијански ривали трошеа повеќе од „росонерите“, овојпат клубот потроши најмногу пари на „сиромашниот“ пазар во Италија, потпишувајќи со 11 фудбалери, вклучувајќи ги Оливие Жиру, Алесандро Флоренци и Тиемуе Бакајоко.

„Милан беа активни на пазарот, што мислам дека ќе ги задоволи фановите на Милан, но сите активности беа направени со план за економска оддржливост на планот. Осигуравме сметката да е направена. Нема сомнеж дека Серија А не троши многу пари во споредба со Премиер лигата и фановите се во право кога се жалат што најдобрите играчи заминуваат од лигата. Но, на крајот се работи за прашање на пари. Не сфаќам како во Англија стадионите се 100 отсто полни, додека во Италија ни е дозволено да има само 50 отсто од капацитетот. Италијанските клубови исто така треба да го направат тоа што во Англија го направија пред 10 или 15 години, да изградат нови стадиони за поголем приход“, вели Скарони.

Scroll to Top