Top Sport

Џејми Карагер со неспортско однесување во меч за добротворни цели

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, а сега ТВ-коментатор, Џејми Карагер беше мета на големи критики откако на меч за добротворни цели на „Етихад“ во Манчестер во саботата, ја сфати работата пресериозно и имаше крајно неспортски фаул над Кем Четинај.

Во меч на Англија против Светот, Карагер играше покрај Гери Невил во англискиот дрес, и не им одеше најдобро откако загубија со 0:3, откако комичарот Четинај постигна два гола за својот тим. Четинај ги изддржа сите стартови на 43-годишниот Карагер, кој во фрустрација се обиде да го клоцне ривалот.

Scroll to Top