Претседателот на Милан, Паоло Скарони ја критикуваше италијанската Серија А дека заостанува многу зад водечките европски лиги, обвинувајќи ги стадионите и малиот број на активни минути кои се играат во италијанското калчо.
Иако Милан го освои скудетото во изминатата сезона, Скарони смета дека Серија А станала „Серија Б во однос на големите“ лиги, кои ги претекнале во последните 20 години.
„Резултатот на тоа е што продуктот кој го нудиме не е одличен, а немаме фудбалери како Меси или Мбапе бидејќи едноставно не можеме да си ги приуштиме. Ако продолжиме вака, ќе се движиме далеку од фубалската елита. Потребен ни е продукт во кој луѓето ќе уживаат. Фудбалот е спорт, но исто така е и спектакл, за кој е потребен убав стадион, кој секогаш ќе биде полн. Исто така потребен е и спектакл на теренот, со повеќе активна игра и малку прекини. Во февруари мечот Милан-Удинезе заврши со 48 минути и 38 секунди игра. Тоа е здодевно за сите“, вели Скарони.