Top Sport

Претседателот на Новара „фатен“ со 200.000 евра во „плик“

Марчело Чианчи, претседателот на италијанскиот третолигаш Новара, си поднесе оставка, откако беше фатен со 200.000 евра во кеш, пари за кои не можел да даде објаснување од каде му се.

Според „Ла газета дело спорт“, 50-годишниот Чианчи бил сопрен во својот автомобил од полицијата во Реџо Калабрија, која пронашла плик со огромната сума пари, скриен во кутија со храна.

Чианчи, кој е на чело на Новара од 2019 година, не успеал да објасни од каде му се парите, така што тие биле конфискувани, а била покрената и истрага. Новара преку соопштение објави дека тие немаат врска со тие пари и дека се работи за „личен проблем“ на сега веќе поранешниот претседател.

Scroll to Top