Top Sport

Претседателот на Порто: Салах не е фер играч – ќе му скршеше нога на Данило (видео)

Претседателот на Порто, Пинто да Кошта влезе во остар напад на ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, велејќи дека тој сакал да му ја скрши ногата на Данило Переира во вчерашниот меч во Лигата на шампионите, кој Ливерпул го доби со 2:0.

„Данило треба да му се заблагодари на Господа бидејќи тоа беше старт за кршење нога – не по топката“, вели Да Кошта за „ЕСПН“.

Тој не беше задоволен од голем број на одлуки на судијата Антонио Матеу Лаоз, но верува дека неговиот тим може да ја надополни негативата.

„Сакаме еднаков третман за сите – стартот на Фелипе донесе жолт картон, а стартот на Салах иако можеше да го прати во болница не. Но, во Порто можеме да дадеме два гола“, вели Да Кошта.

Scroll to Top