Top Sport

Претседателот на ПСЖ: Роналдо е навистина единствен фудбалер на светот

Насер Ал-Хелаифи, претседателот на еден од најбогатите европски фудбалски клубови, Пари Сен-Жермен вели дека му се восхитува на Кристијано Роналдо, во интервју кое сигурно ќе ги зголеми шпекулациите за можен трансфер во француската престолнина, велејќи дека Португалецот има „неверојатно силен карактер“.

Во интервју за „Франс фудбал“, Ал-Хелаифи имаше само пофални зборови за Роналдо, кој од неодамна се врати во Торино каде што е во карантин и наскоро ќе почне со тренинзи за Јувентус пред најавеното враќање на Серија А.

„Година по година, тој покажува уникатна посветеност, неверојатно силен карактер и останува мотивиран од желбата да биде подобар секој ден. За него нема граници. Се восхитувам на оваа беспоштедна волја и тој е неверојатен пример за сите спортисти во иднината“, вели Ал-Хелаифи.

Катарскиот бизнисмен исто така ги пофали двете поранешни ѕвезди на клубот, Златан Ибрахимовиќ и Дејвид Бекам. Златан постигна 156 гола во 180 меча за клубот од Париз откако пристигна од Милан во 2012 година.

„Ако размислите за сите фудбалери кои дојдоа од почетокот на нашиот проект со ПСЖ, времето на Златан Ибрахимовиќ останува меѓу најдобрите моменти, поради неговиот карактер, неговото лидерство, харизма и способност. Секогаш беше тука, и кога ситуацијата бараше нешто од него, тој знаеше да одговори на предизвикот“, вели Ал-Хелаифи.

Денеска исто така се одбележија седум години од пензионирањето на Дејвид Бекам во дресот на ПСЖ на „Паркот на принцовите“.

„Не смееме да заборавиме на Дејвид Бекам. Иако беше во ПСЖ кратко време, тој го трансформираше на шиот клуб. Беше детално посветен на секој момент во соблекувалната, на тренинг и на меч и неговата аура беше клучна“, додава Катарецот.

Scroll to Top