Top Sport

Нов „блесок“ на Хаверц, Баер со цел плен од Бремен (видео)

Последниот меч од „рестартираното“ 26. коло во Бундеслигата помина во знак на 20-годишниот феномен на Баер Леверкузен, Каи Хаверц, кој постигна два гола за да ги предводи „фармацевтите“ до 4:1 гостинска победа кај Вердер Бремен, кои пак се сѐ поблиску до „Цвајте“.

Хаверц го отвори резултатот на „Весерстадион“ во 28. минута за водство на гостите, но Вердер врати само две минути подоцна да израмнат преку Теодор Гебре Селасие. Но, Хаверц веќе во 33. минута го врати водството, за да го забележи својот 9 гол во последните 13 меча за Леверкузен, во кои има и 7 асистенции, покажувајќи зошто пола европски гиганти го сакаат во својот тим. Уште поимпресивно е тоа што тој не игра секогаш како истурен напаѓач, туку понекогаш е десно крило или „број 10“.

Мичел Вајсер во 61. минута од мечот ја потврди победата за Леверкузен, a Керем Демербај стави печат на катастрофата на домаќините во 78. минута.

Со триумфот Леверкузен остануваат на петтото место со 50 поени, на осум поени од првото место – Баерн (58), Дортмунд (54), Менхенгладбах (52), Лајпциг (51). Вердер пак, е на претпоследното место со само 18 поени, дури 9 од безбедната зона.

Scroll to Top