Top Sport

Претседателот на ПСЖ во офанзива: Кој го тераше Нејмар да потпише со нас?

Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи откако вчера им се закани на фудбалерите дека мора да има поголема дисциплина, сега се осврна на шпекулациите околу неговата прва ѕвезда Нејмар, посочувајќи дека „никој не го натера да потпише со нас“.

Веднаш по рекордниот трансфер од Барселона во 2017 година (кој го чинеше Ал-Хелаифи 222 милиони евра), се појавија шпекулации дека Бразилецот е несреќен во Париз и дека сака да се врати во Шпанија, или во стариот клуб или во Реал Мадрид.

ПСЖ постојано тврдат дека не сакаат да продаваат, но Ал-Хелаифи вели дека кој не се чувствува среќно во тимот може да си замине.

„Сакам фудбалерите да го даваат максимумот за честа на дресот и да работат на проектот. Тие кои не го сакаат тоа или не го разбираат, треба да побараат состанок и ќе зборуваме. Има договори кои треба да се почитуваат, но приориетот е да се верува во овој проект. Никој не го примора да потпише со нас. Никој не го туркаше. Дојде знаејќи каков проект е“, вели Ал-Хелаифи.

Scroll to Top