Top Sport

Претседателот на Рајо бил нападнат од агентот на Де Томас!

Мартин Преса, претседателот на шпанскиот прволигаш Рајо Валјекано, поднел тужба против фудбалскиот агент Иван Гарсија, откако наводно бил нападнат и завршил во болница по физичкиот напад на агентот со кого преговарале за трансферот на напаѓачот на Еспањол, Раул де Томас минатиот месец.

Во полицискиот извештај, објавен од „ЦОПЕ“, Преса тврди дека работите тргнале наопаку откако тој ја обвинил агенцијата на гарсија, „ИЦМ Стелар“ дека не ги заштитува интересите на своите играчи. „Стелар“ барале процент од договорот за Де Томас, нешто што претседателот го одбил. Во тој момент, Гарсија, кој е еден од седумте луѓе присутни на состанокот, го нападнал Преса.

Де Томас, кој излезе од академијата на Реал Мадрид, помина две години на позајмица во Рајо од 2017 до 2019, постигнувајќи 38 гола во 66 меча. По ова, тој направи трансфер во Бенфика, но потоа се врати во Шпанија со Еспањол во 2020, каде што има 45 гола во 89 настапи.

Scroll to Top