Навивачите на Рома на вистински начин го прославија пласманот во полу-финалето во Лигата на шампионите. Нивните миленици ја надоместија негаривата од 1:4 по првиот меч и со 3:0 ја елиминираа Барселона во четврт-финалето.
Развиорени знамиња, навивачи во еуфорија, песна од сите страни, се слушаше синоќа по римските улици и плоштади.
На Пјаца дел Пополо претседателот на Рома, Џејмс Палота (60), скокна во фонтаната, а потоа весело ги поздрави насобраните романисти.