Top Sport

Шокираниот Валверде по мечот повторувал една реченица

Барселона е во шок по елиминацијата во четврт-финалето во Лигата на шампионите. Дуелот во Рим требаше да биде рутина за Каталонците, но како одминуваше се претвори во вистински кошмар за тренерот Ернесто Валверде и неговите фудбалери.

Барселона трет пат во последните пет години дожувеа елиминација во четврт-финалето. Синоќа на „Олимпико“, Рома одигрa храбро, инспирирано и го оствари најголемиот успех откако Лигата на шампионите се игра во овој формат.

По мечот тренерот на Барса пред новинарите повторувал само една реченица: „не ја игравме својата игра.“

„Тие беа одлични, а ние не ја игравме нашата игра. Се одеше на нивна страна, не можевме да ја играме својата игра. Не притискаа од првата до 90.минута и моравме да играме со долги топки, што не е нашата игра“, рекол валверде.

„Грозен ден за нас, не можевме да сториме ништо против нивниот пресинг. И кога го постигнаа првиот гол, ние не можевме да ја играме својата игра. Кога противникот игра високо се обидувате тоа да го казните со долги топки“, дополнил тренерот на Барселона преземајќи ја одговорноста за поразот.

„Јас сум виновникот. Тренерот секогаш е одговорен за сите работи, з аизмените, за новите играчи, з апогрешната тактика…Минатата недела игравме со исттата формација и постигнавме четири гола. Овојпат не можевме да ја играме нашата игра“, завршил Валверде.

Scroll to Top